АКТУЕЛНОСТИИнфо ден за Career Transition Support North Macedonia and Ko...31 ОКТ/23
Студурате на македонски државен универзитет? Сакате да се стекнете со практично искуство за да ги подобрите вашите вештини и шанси за вработување? Тогаш оваа програма е за вас!
Со задоволство, ви ја претставуваме Career transition support програмата за практикантска работа во компании во Македонија или Косово, по ваш избор. Оваа програма на World University Service (WUS) е финансирана и поддржана од владата на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.
За учество потребно е да се најавите на линкот во прилог: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSc_i9XqhM-EX8y5cjurCPCu5eRRyQqhHMHrTQW4SOh60FcM0Q/viewform?usp=sf_link
Zoom линк: https://us06web.zoom.us/j/81946850383
Кој може да аплицира?
• Студенти кои се во последната фаза од нивните студии (ќе дипломираат во Октомври или Ноември 2023 година);
• Оние кои дипломирале не повеќе од 6 месеци пред крајниот рок за пријавување (30.11.2023)
• Оние кои се на магистерски студии.
Што нудиме:
-Обуки за тоа како да ја пронајдете вашата работа од соништата (креирање CV, Motivation Letter и вашето прво интервју).
-15.000 денари месечно за период од 3-6 месеци
- Секаков вид на консултации за Практикантска работа и отварање на свој бизнис
- 2 тренинг курса за тоа како да ја направите вашата практикантска работа успешна
На располагање се 50 стипендии за 50 студенти (предност ќе имаат оние кои ќе приложат најдоби апликации и оние кои доаѓаат од семејства со ниски приходи).
За повеке информации можете да го исконтактирате Димитар Каљошевски на northmacedonia@wusgermany.de или на 072 227 940https://www.simt.website/%d0%b8%d0%bd%d1%84%d0%be-%d0%b4%d0%b5%d0%bd-%d0%b7%d0%b0-career-transition-support-north-macedonia-and-kosovo-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%b0/ Соопштение за одбрана на магистерска теза27 ОКТ/23
На ден 01/11/2023 год. со почеток во 12 часот, во предавална Гуштеров при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, ќе се одржи јавна одбрана на магистерски труд со наслов:
„Автогено само-залекување на цементни малтери со примена на летачка пепел и кристало-образувачки адитиви.“
од кандидатот: Ирина Стефановска
Комисија за одбрана:
1. Проф. д-р Емилија Фиданчевски
2. Проф. д-р Билјана Анѓушева
3. Проф. д-р Тони Аранѓеловски
соопштение магистерски труд.doc Конечна листа на примени кандидати на трет циклус студии - д...26 ОКТ/23
Натпревар за научна фотографија26 ОКТ/23
Работилница за дисеминација на стекнатите знаења од проектот...20 ОКТ/23
Бесплатни онлајн курсеви по странски јазици 16 ОКТ/23
Почитувани студенти,
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ви нуди несекојдневна можност за посетување бесплатни онлајн курсеви по странски јазици. Може да изберете некој од следниве јазици: руски, чешки, полски, хрватски, романски и унгарски јазик. Прозорец кон нови работни можности, воспоставување мултикултурни пријателства, различната перспектива за туѓите култури и зголемена креативност се само неколку од придобивките од изучувањето нови јазици.
Наставата на курсевите ќе се одвива во текот на 10 недели по четири часа неделно, започнувајќи од 24 октомври 2023 година.
РУСКИ ЈАЗИК
Рускиот е јазик што го зборуваат околу 250 милиони луѓе низ светот. Ова е јазикот на Толстој и Достоевски, Чајковски и Баришников. Многу политичари и бизнисмени учат руски за да соработуваат со руски колеги во различни области. Македонците можеби ќе слушнат многу познати зборови на руски, бидејќи и рускиот е словенски јазик. Научете руски за да комуницирате со луѓе во Русија и многу други земји низ светот!
ЧЕШКИ ЈАЗИК
Работа и кариера: Знаењето на чешкиот јазик може да биде предност при аплицирање за работни места во Чешка или во компании што имаат бизнис-врски со Чешка.
Култура и историја: Чешката Република има богата култура и историја. Преку учење на јазикот, ќе можете подетално да се запознаете со таа култура, да го истражите историскиот контекст и да ги разберете традициите на оваа земја.
Едукација: Ако планирате да одите на постдипломски студии на некој универзитет во Чешка, знаењето на чешкиот јазик ќе биде бесценето. Студирањето во Чешка е бесплатно за сите странци, доколку студираат на чешки јазик.
ПОЛСКИ ЈАЗИК
Научете полски.
Запознајте ги културата и јазикот на еден од јазиците на Европската Унија што го зборуваат повеќе од 40 милиони луѓе низ светот. Курсот по полски јазик ќе ви помогне да ги совладате основните комуникациски ситуации на полски јазик со цел успешно да комуницирате за време на вашиот студиски, работен или туристички престој во Полска. Со познавањето на полскиот јазик имате можност за образование и работа во Полска. Ве покануваме на курсот по полски јазик на почетно ниво (А1).
ХРВАТСКИ ЈАЗИК
Учењето на хрватскиот јазик отвора можност за престој во Хрватска преку стипендии, летни и есенски школи во Загреб и во Риека и запознавање со богатата хрватска култура и историја.
УНГАРСКИ ЈАЗИК
Унгарскиот е забавен предизвик за учење. Тој е различен од повеќето европски јазици, но сепак е еден од нив. Унгарскиот е уралски јазик што се зборува во Унгарија и во делови од неколку соседни земји. Тој е официјалниот јазик на Унгарија и еден од 24-те официјални јазици на Европската Унија. Ако сакате да учите убава и уникатна култура и јазик или ако планирате да аплицирате за стипендија во Унгарија, еве ја вашата шанса. А бидејќи часовите се изведуваат на англиски, можете и тоа да го вежбате.
Пријавувањето за курсевите го вршите со пополнување на пријавата најдоцна до 20 октомври 2023 година на следниот линк: https://forms.gle/JxN17qQjYtGfwizN6
По формирањето на групите дополнително ќе ви биде испратен мејл за почетокот на наставата.https://flf.ukim.mk/%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d0%bd-%d1%98%d0%b0%d0%b7%d0%b8%d0%ba/ Прелиминарна листа за прв уписен рок на трет циклус (докторс...13 ОКТ/23
Одржан првиот академски час за учебната 2023/2024 година02 ОКТ/23
Прв академски час28 СЕП/23
26ти Конгрес на СХТМ27 СЕП/23
Во периодот од 20-23 септември во Хотел Метропол, Охрид беше одржан 26тиот Конгрес на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија со меѓународно учество. Конгресот беше организиран од страна на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија и Технолошко-металуршкиот факултет УКИМ-Скопје со проф. Јадранка Блажевска-Гилев, претседател на научен одбор, проф. Билјана Анѓушева, претседател на организационен одбор, проф. Војо Јованов, ас. Марија Прошева и ас.Ива Димитриевска, членови на организационен одбор.
На овој конгрес беа презентирани 200 презентации од девет научни области. Свои излагања имаа 13 поканети предавачи од Македонија, Франција, Велика Британија, Литванија, Австрија, Германија и Србија. Најновите резултати од своите истражувања презентираа 174 автори и 570 коавтори од 20 држави. Преку 32 усни и 145 постер презентации беа претставени научните достигнувања од: неорганска хемија и технологија, неоргански материјали и металургија; Органска хемија, биохемија и фармацевтска хемија Аналитичка и еколошка хемија; Физичка, структурна хемија, спектроскопија и електрохемија; Полимери и полимерни материјали; Биотехнологија и технологија на храна; Хемиско инженерство; Текстилно инженерство; и Образование. Сигурни сме дека овој конгрес придонесе за започнување на нови плодни соработки и формирање на нови пријателства.
Би сакале да се заблагодариме на сите учесници на Конгресот.https://www.simt.website/26%d1%82%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%b3%d1%80%d0%b5%d1%81-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%85%d1%82%d0%bc/ Распоред на часови за зимски семестар 2023/24 26 СЕП/23
КОНКУРС за прием на 2 (двајца) млади истражувачи за работа н...26 СЕП/23
Во рамки на истражувачкиот проект “Флексибилни и погодни за носење хемиски сензори на база на спроводливи композити (CONSENS)” (Nato SPS G6011)“, финансиран од NATO Science for Peace програмата, се распишува следниов
К О Н К У Р С
за прием на 2 (двајца) млади истражувачи за работа на проектот до 30.04.2026г.
Рокот за пријавување е продолжен до 06.10.2023 годинаKonkurs za mlad istrazuvac 09 2023.docx Конечна ранг-листа-решение за прием на кандидатите ВТОР УПИС...25 СЕП/23
Прелиминарна ранг-листа резултати од успехот од средно образ...22 СЕП/23
КОНКУРС ЗА УПИС НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2023/202414 СЕП/23
Награда за најдобар научен труд13 СЕП/23
Нашите ценети професори, проф. д-р Ана Томова, проф. д-р Бети Андонивиќ и проф. д-р Александар Димитров се добитници на наградата за најдобар научен труд како автори на трудот: "Correlation Between Dominant Working Styles of Students at the Faculty of Technology and Metallurgy in Skopje and their Curriculum Choice"
Им честитаме на професорите на освоената награда!https://www.entrenova.org/conference/awards ОГЛАС за доделување стипендија на редовни студенти запишани ...12 СЕП/23
ОКТА АД - Скопје доделува стипендија на редовни студенти кои во учебната 2023/2024 година првпат се запишуваат на последна година од прв циклус студии на Технолошко-металуршки факултет - Скопје, на една од следните студиски програми:
• Полимерни материјали
• Дизајн и менаџмент на технолошки процеси
Целосниот оглас може да го преземете на следниот линк:Oglas Технолошко-металуршки факултет_2023.docx ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО ПРВА ГОДИНА УЧЕБНА 2023-202411 СЕП/23
Конечна ранг-листа-решение за прием на кандидатите прв уписе...11 СЕП/23
Прелиминарна ранг-листа по студиски програми04 СЕП/23
Прелиминарна ранг-листа 04 СЕП/23
КОНКУРС за прием на 2 (двајца) млади истражувачи за работа н...31 АВГ/23
Во рамки на истражувачкиот проект “Флексибилни и погодни за носење хемиски сензори на база на спроводливи композити (CONSENS)” (Nato SPS G6011)“, финансиран од NATO Science for Peace програмата, се распишува следниов
К О Н К У Р С
за прием на 2 (двајца) млади истражувачи за работа на проектот до 30.04.2026г.
Konkurs za mlad istrazuvac 09 2023.docx ДОКУМЕНТИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ ВО ПРВА ГОДИНА ЗА УЧЕБНА 2023/2024...14 ЈУЛ/23
Почитувани идни студенти,
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од Iknow-системот.
Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронско пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
Пријавувањето се врши во службата за студентски прашања на Технолошко-металуршки факултет на 30 и 31.08.2023 година.
При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
1. Пријавен лист за конкурирање А-1 (се купува во фотокопирот на факултетот или книжарница)
2. Електронска пријава генерирана од iknow-системот(интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист-двете пријави ги печатите од iknow системот и ги потпишувате)
3. Оргинални свидетелства од сите класови од средно образование
4. Документ за положена државна матура (оргинално свидетелство за завршено средно образование)
5. Извод од матична книга на родените-оргинал
6. Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение - оргинал)
7. Уплатница од 50.00 ден. жиро сметка за административна такса.
8. Уплатница од 300.00 ден. жиро сметка на ТМФ.
Во прилог документ кој може да го симнете со сите податоци кои ви се потребни.
Со почит,
Технолошко-металуршки факултет-СкопјеDokumenti za konkuriranje vo I godina 2023-2024.docx КОНКУРС за запишување студенти на прв циклус студии на Униве...04 ЈУЛ/23
Универзитетот обезбедува пристап до сите свои студиски програми под еднакви услови и селекција на кандидатите за упис, врз принципот на рамноправност на сите кандидати, без оглед на раса, боја на кожа, пол, род, јазик, вера, политичко или друго уверување, етничко, национално или социјално потекло, имот, раѓање, општествена положба, инвалидност, сексуална определба и возраст.
Запишувањето на студентите на прв циклус студии се врши врз основа на јавен конкурс што го објавува Универзитетот по добивањето на согласност од Владата на Република Северна Македонија.
Универзитетот, во конкурсот, ги утврдува критериумите врз основа на кои врши селекција и избор на кандидатите за запишување на студиите.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кој го одржува порталот за електронски студентски сервиси - iKnow со интернет страниците www.iknow.ukim.mk и www.upisi.ukim.mk.
Интернет страницата www.upisi.ukim.mk, е наменета за сите кандидати кои сакаат да се запишат на прв циклус на студии на некои од факултетите или институтите во состав на Универзитетот, во постапката за комплетирање на нивната електронска пријава.
Интернет страницата www.iknow.ukim.mk, ја користат сите активни студенти кои студираат на некоја од студиските програми на факултетите или институтите во состав на Универзитетот, а кој го користат системот iKnow за електронска поддршка за работењето на студентските служби.
Упатство за користење на интегрираниот систем за студентски сервиси на линкот во прилог.
https://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=186&glavno=40 Промена на термин за испит - Технолошки операции 130 ЈУН/23
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека испитот по Технолошки операции 1 ќе се одржи на 25.09.2023г. со почеток во 09:00 часот во септемвриската сесија. Повик за практикантство30 ЈУН/23
Известување за студентите - промена на термин за испит13 ЈУН/23
Промена на распоред:
Испитот Основи на менаџмент ќе се одржи на 04.07.2023 година во 12:00 часот.
Од предметниот наставник,
Е. Томовска ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ЗА ЈУНСКА ИСПИТНА СЕСИЈА 2023 ГОДИНА25 МАЈ/23
Ве известуваме дека пријавувањето на испити на прв циклус за ЈУНСКА ИСПИТНА СЕСИЈА во учебната 2022/2023 година, ќе се врши електронски со користење на IKNOW-системот, во периодот од:
25.05.2023 до 02.06.2023 година
Студентите што ќе извршат уредно електронско пријавување на IKNOW-ситемот, задолжително треба да достават и комплетно пополнета хартиена пријава до предметниот наставник на денот на испитот.
НАПОМЕНА: Доколку студентите не пријават испити во определениот рок во IKNOW-системот нема да можат истите да ги полагаат затоа што IKNOW-системот после определениот рок ќе биде затворен за пријавување.
Со почит,
Технолошко-металуршки факултетsoopstenie prijavuvanje ispiti za junska sesija 2023.docx Важно соопштение28 АПР/23
Почитувани,
Ве известуваме дека моментално се врши надградба на нашата веб страна.
За сите точни информации Ве замолуваме да се обратите на нашиот e-mail: dekanat@tmf.ukim.edu.mk
Ви благодариме за разбирањето.
Отворен ден на ТМФ24 АПР/23
Соопштение13 МАР/23
По барање на студентите првата колоквиумска недела во летниот семестар се поместува од 05.04.2023 до 11.04.2023. Распоредот на колоквиуми е објавен на студентскиот портал на ТМФ. ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЗАВРШЕН ПРОЕКТ ФИНАНСИРАН ОД УНИВЕРЗИТЕТ “СВ....10 МАР/23
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЗАВРШЕН ПРОЕКТ ФИНАНСИРАН ОД УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ (2019/2020) – НАСЛОВ: ЕЛЕКТРОКИНЕТИЧКИ СВОЈСТВА НА РАЗЛИЧНО ОКСИДИРАН ТЕКСТИЛЕН МАТЕРИЈАЛ КАКО НОСАЧ НА ЕНЗИМИ И БИОПОЛИМЕРИ
INFORMATION FOR COMPLETED PROJECT FUNDED BY Ss. CYRIL AND METHODIUS UNIVERSITY IN SKOPJE (2019/2020) – TITLE: ELECTROKINETIC PROPERTIES OF DIFFERENTLY OXIDIZED TEXTILE MATERIALS AS CARRIERS FOR ENZYMES AND BIOPOLYMERSObjava NIP ITI 2019 2020.pdf Информација за натпревар преку Бизнис акцелератор на УКИМ06 МАР/23
Бизнис акцелераторот на УКИМ во соработка со програмата Mindspace University организира акцелераторска програма на тема „Life Science.“
Рокот за аплицирање е 15 март 2023 година.
Повеќе информации можете да добиете на:
www.mindspace.gr/university
https://www.mindspace.gr/post/mindspace-university-life-sciences
https://www.mindspace.gr/post/mindspace-university-life-sciences Предавање за кариерен развој од претпријатието Џонсон Мети27 ФЕБ/23
Ве информираме дека на 02.03.2023 од 09:00 до 11:00 во амфитеатарот на Хемискиот факултет во Скопје ќе се одржи предавање од Chief Technology Officer, г-дин Мауритс Ван Тол (Maurits van Tol http://bit.ly/3IQRU9D).
Неговиот говор ќе биде поделен на два дела односно на кариерен развој и постигнувања (што значи да се биде хемичар во Johnson Matthey и како кариерата го обликувала како личност), а другиот дел ќе биде стручно/научно-популарен (Актуелни истражувања во Johnson Matthey и преминот кон „Hydrogen technology“).
Лице за контакт:
Zehra Kjufliju
CA Production Systems Specialist
Communication and Community Ambassador
Johnson Matthey
TIDZ Skopje 1
1041 Ilinden, North Macedonia
T +389 75 499 364
zehra.kjufliju@matthey.com | www.matthey.com Промоција на новата веб-страница ResearchNet.mk23 ФЕБ/23
Во четврток, 23.02.2023, во 16:30 часот, пред научната и пошироката јавност ќе ја претставиме новата веб-страница researchnet.mk.
Станува збор за иницијатива на Центарот за напредни интердисциплинарни истражувања (ЦеНИИс) на УКИМ, наменета за истражувачи кои се заинтересирани за соработка со научници родум од Македонија, кои работат надвор од границите на земјава.
Идејата е researchnet.mk да стане простор каде што македонските научници во странство ќе можат да ги објавуваат своите истражувачки интереси, вештини и области на експертиза за да се поврзат со потенцијални соработници од нашиот универзитет и пошироко, од нашата држава.
Проектот ќе го претстават членовите на тимот на ЦеНИИс.
Придружете се и проследете ја промоцијата на следниот Линк. (Facebook Live)
Промоција на новата веб-страница researchnet.mkhttps://www.facebook.com/events/1251205242482633/?ref=newsfeedУписи на втор циклус студии- втор уписен рок!13 ФЕБ/23
С О О П Ш Т Е Н И Е
Почитувани кандидати,
Ве известуваме дека вториот уписен рок за упис на вториот циклус студии, за академската 2022/23 година се одвива од 7 до 17 февруари 2023 година.
Сите заинтересирани кандидати потребно е:
- да пополнат iknow пријава ( како што е означено во конкурсот)
- во хартиена форма да ги донесат сите потребни документи за пријавување согласно Конкурсот (CV, диплома од прв циклус студии, пријава, евентуално објавени трудови или добиено награди и сл.)
За сите дополнителни информации, контактирајте ја Студентската служба на Факултетот (3 кат), на следните телефонски броеви 02 3088 - 267/ 075 223 535 или на следните електронски адреси: st.sluzba@tmf.ukim.edu.mk или на dekanat@tmf.ukim.edu.mk
Деканат на ТМФhttps://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=187&glavno=40 Упис на летен семестар 2022/23 година06 ФЕБ/23
Одбрана на магистерски труд- 13.02.202306 ФЕБ/23
С О О П Ш Т Е Н И Е
На ден 13.02.2023 година (понеделник) со почеток во 12:00 часот, во Амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, ќе се оддржи јавна одбрана на магистерскиот труд со наслов:
„ Еколошки нанооблоги за огноотпорна заштита на памук базирани на лигнин и други хемикалии од обновливи извори“ од кандидатот дипл. инж. Јована Петковска.
Деканат на ТМФ Дополнителна ден-сесија30 ЈАН/23
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат сите студенти дека дополнителната ден-сесија ќе се одржи на 15.02.2023 (среда) со почеток од 10.00 часот.
Пријавувањето на испитите за ден-сесијата е на 14.02.2023 (вторник).
Деканат на ТМФ Испит по Општа и неорганска хемија 119 ЈАН/23
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат студентите од прва година дека испитот по Општа и неорганска хемија 1 ќе се одржи на 02. 02 2023 година (ЧЕТВРТОК) со почеток во 10 часот.
Одлагањето е по барање на студентите, а во договор со предметните наставници.
ПРЕДМЕТНИ НАСТАВНИЦИ
ВТОР КОЛОКВИУМ ПО ОПШТА И НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА!16 ЈАН/23
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат студентите од прва година дека вториот колоквиум по Општа и неорганска хемија 1 ќе се одржи на 17. 01 2023 година (ВТОРНИК) со почеток во 10 часот.
Одлагањето е по барање на студентите, а во договор со предметните наставници.
ПРЕДМЕТНИ НАСТАВНИЦИ Втор колоквиум по Физичка хемија!30 ДЕК/22
С о о п ш т е н и е
По барање на студентите, а во договор со предметниот професор, вториот колоквиум по предметот „Физичка хемија“ се поместува и ќе се одржи на 13.1.2023 година (петок) во 12.00 часот.
Предметен професор
Јавна одбрана на магистерски труд!28 ДЕК/22
С О О П Ш Т Е Н И Е
На 5.1.2023 година (четврток), со почеток во 11.00 часот во Амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, кандидатот Арјета Алиу ќе го брани магистерскиот труд со наслов: „Развој на формулации за функционални пијалаци базирани на сурутка“ под менторство на проф. д-р Весна Рафајловска.
Деканат на ТМФ Соопштение - за пријавување на испити!28 ДЕК/22
Одлука за избрани членови на ФСС ТМФ27 ДЕК/22
Студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhe...27 ДЕК/22
Студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere –
INNO-SAE продолжува и во 2022/2023 како интегрален дел од активностите на новоформираниот ФЕИТ ФабЛаб, а во ко-организација со Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ и Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” (УКИМ)во Скопје.
Програмата е насочена кон стимулирање на иновативниот капацитет на студентите на УКИМ и работа на идеи кои можат да се развијат во прототип. Истовремено, INNO-SAE им овозможува на студентите да ги развиваат и своите претприемнички вештини. Програмата е отворена за сите студенти на УКИМ и поддржува оригинални идеи со мултидисциплинарен пристап.
Повеќе детали, рокови, урнек и начин на аплицирање може да се најдат
на: https://inno.feit.ukim.edu.mk/inno-sae-2022-2023/https://inno.feit.ukim.edu.mk/inno-sae-2022-2023/ Претставување на кандидати- ФСС на ТМФ08 ДЕК/22
Избори ФСС -ТМФ 202207 ДЕК/22
С О О П Ш Т Е Н И Е
Во прилог ги доставуваме записниците и одлуките за утврдување на кандидати за:
- членови на ФСС на ТМФ
- претседател на ФСС на ТМФ.
ПОТСЕТУВАЊЕ:
ИЗБОРИТЕ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ НА 19.12.2022 година-понедленик, од 8.00 до 16.00 часот.
Изборна комисијаIZBORI FSS.zip ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ- 2 ДЕКЕМВРИ 2022!25 НОЕ/22
Драги матуранти, наши идни студенти!
На 2 декември 2022- ПЕТОК, во два термина, во 10:00 часот и во 12:00 часот,ќе има ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, со физичко присуство на секој од факултетите!
На отворениот ден ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности
Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните физички капацитети, предавални, лаборатории...
Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје!
Се гледаме на 2 декември!315050957_140945812054542_6370380455162242799_n.jpg Стипендии од француската школа Ecole Normale Supérieure – EN...22 НОЕ/22
Почитувани студенти,
Ве информираме дека од 1. декември 2022, елитната француска висока школа Ecole Normale Supérieure – ENS од Лион, ќе отвори конкурс за стипендии за 2023/2024 година за нивните програми за стипендии : Ampère, MiLyon, QuantEdu France.
Конкурсот ќе биде отворен до 10 јануари 2023.
Сите заинтересирани студенти може да најдат повеќе информации на следните линкови:
На француски јазик:
http://www.ens-lyon.fr/formation/admission/procedures-dadmission/candidature-pour-un-master-et-une-bourse-dexcellence
На англиски јазик:
http://www.ens-lyon.fr/en/studies/admissions/application-masters-degrees-and-scholarships
Деканат на ТМФhttp://www.ens-lyon.fr/en/studies/admissions/application-masters-degrees-and-scholarships Одлука за распишување избори за претседатели и членови на Ф...17 НОЕ/22
Одбрана на докторска дисертација- 11.11.2022 година во 11.00...04 НОЕ/22
С О О П Ш Т Е Н И Е
На 11.11.2022 година (петок), со почеток во 11.00 часот во Амфитеатарот наТехнолошко-металуршкиот факултет во Скопје, кандидатот м-р Александар Чадиковски, ќе го брани докторскиот труд со наслов: „Валоризација на сурутка во урда без лактоза “под менторство на проф. д-р Весна Рафајловска.
Деканат на ТМФO23-SO-Soopshtenie-za-odbrana.docx Објава на листа на стипендисти од УКИМ и МОН 2022/2023 годин...01 НОЕ/22
Професионална пракса во Германија!17 ОКТ/22
С О О П Ш Т Е Н И Е
Ни претставува голема чест да Ве информираме дека Одборот на германското стопанство за источните земји и Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија ја спроведуваат програмата за стипендии на Германското стопанство за 2023 година.
Целта на оваа програма е да обезбеди практична работа за квалификувани кандидати од Северна Македонија во најуспешните германски компании, во период од 3 до 6 месеци. Оваа програма е поддржана од Владата на Сојузна Република Германија, која воедно ги покрива и трошоците за престој, патување и месечен надоместок.
Праксата во компаниите започнува на 01 јули 2023!
Во прилог Ви ги испраќаме основните податоци кои треба да бидат задоволени од потенцијалните кандидати, рокот на пријавување е заклучно до 16. ноември 2022 година на следната интернет страница:
https://www.djindjic-stipendienprogramm.de/
Прилог: Оглас за стипендиска програма на германското стопанство 2023 на англиски јазик
Лице за контакт: Марија Радевска-Трандафиловска
Менаџер за односи со јавност, односи со Влада,HR
Tel. 00 389 2 329 67 86, е-mail: radevska@nordmazedonien.ahk.de_Open_Call-_Стипендиска_програма_на_германското_стопанство_2023 (1).zip РАНГ ЛИСТА НА СТУДЕНТИ-ПРАВО ЗА ПОЛОВИНА УПИСНИНА14 ОКТ/22
Почитувани,
во прилог ја објавуваме ранг-листата на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии,
за учебната 2022/2023 година на Технолошко-металуршки факултет-Скопје.
Деканат на ТМФ
Ранг-листа за на веб страна.pdf Plant Professional and Leadership Rotational Development Pro...28 СЕП/22
Драги студенти,
Дали сте подготвени да направите нов чекор во Вашата професионална кариера?
Ако неодамна сте дипломирале или сте при крај со Вашите студии во областите на Инженерството или Природните науки ова е Ваша можност!
Plant Professional and Leadership Rotational Development Program во Џонсон Мети е неверојатна програма за пракса дизајнирана за извонредни студенти. Практикантите од оваа програма ќе поминат низ осум ротации во рок од три месеци секоја во различен оддел, а потоа ќе можат да изберат одреден оддел каде што би сакале да ја продолжат својата пракса.
Оваа програма е наменета за оние кои што со смелост размислуваат за иднината, кои секогаш се фокусираат да се движат напред. Поединци кои се страстни за инженерството и науката и напредуваат од работата со други кои се подеднакво ентузијасти и енергични.
Ако сакате да дознаете повеќе за оваа возбудлива можност која може да Ви помогне да ја унапредите кариерата, како и брзо да развиете широчина на познавања за една од водечките светски компании во одржливи технологии, придружете се на нашиот вебинар на 29 Септември во 11:00 часот преку следниот линк:
https://bit.ly/3ya5103
Уписите се отворени до 14 Октомври. Доколку сте заинтересирани испратете го вашето CV и мотивациско писмо на следната e-mail адреса:
mkjobs@matthey.com
Средечен поздрав,
Zehra Kjufliju
HR Advisor
Communication and Community Ambassador
Johnson Matthey
TIDZ Skopje 1
1041 Ilinden, North Macedonia
zehra.kjufliju@matthey.com | www.matthey.com
Poster 1 Rotational ЈМ-min.png ЗАПИШУВАЊЕ ЗИМСКИ СЕМЕСТАР 2022/23!28 СЕП/22
Конкурс Erazmus + ЗА ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ НА НАСТАВЕН КАД...26 СЕП/22
КОНКУРС ЗА ВТОР И ТРЕТ ЦИКЛУС СТУДИИ ВО ТЕК23 СЕП/22
Пријавувањето за запишување на втор и на трет циклус студии е во тек
ВТОР ЦИКЛУС ПОСТ ДИПЛОМСКИ СТУДИИ
Во периодот од 19 до 27 септември тече рокот за пријавување кандидати за запишување на втор циклус студии на Технолошко-металуршки факултет.
Право на конкурирање имаат кандидати што го исполнуваат општиот услов т.е.:
- да завршиле прв циклус студии на соодветни или сродни студии и кои исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии. Условите за запишување се објавени на следниов линк: https://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/Konkurs_II_ciklus_2022-23.pdf
ТРЕТ ЦИКЛУС ДОКТОРСКИ СТУДИИ
Во периодот од 19 септември до 7 октомври 2022 година тече рокот за пријавување кандидати за запишување на трет циклус студии – докторски студии во рамките на Школата за докторски студии на УКИМ. Повеќе информации за начинот на пријавување и запишување на кандидатите на трет циклус студии – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје во академската 2022/2023 година можете да најдете на следниот линк:
https://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=152&glavno=8
Деканат на ТМФ Конкурс за плаќање на половина уписнина- деца со еден родите...20 СЕП/22
Почитувани студенти,
во прилог го објавуваме Интерниот оглас како и Одлуката за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии, а кој се однесува на студенти чие родителско право го врши само еден родител односно има: само еден родител, починат родител или родител кој го загубил родителското право.
Воедно ги известуваме сите кандидати, дека сите документи ќе требаат да ги испраќаат до претседателот на Комисијата, доцент д-р Војо Јованов, на следниот мејл: dekanat@tmf.ukim.edu.mk најдоцна до 06.10.2022 година (петок).
За сите дополнителни информации видете ги приложените два документи.
Деканат на ТМФ
Konkurs-ednoroditaleski stipendii.zip Програма за практиканство- Johnson Mathhey05 СЕП/22
Почитувани студенти,
Ве информираме дека оваа година Johnson Mathhey организира програма за практиканство насловена како Plant Professional and Leadership Rotation Development Program, која има за цел да придонесе во професионалниот и личниот развој на млади талентирани студенти, со можност да ги задржи во Компанијата.
Програмата е во времетраење од 6 месеци, која вклучува тим од 2 студенти, кои заедно ќе ротираат во сите оддели на Џонсон Мети. Секој студент ќе има можност да искуси и менторство од страна на Plant директорот, со цел да се помогне во развојот на личните персонални вештини.
Регрутацијата за оваа програма е во месец Октомври а се отпочнува од Ноември. Секој студент ќе добива и месечен надомест за практиканството.
Сите заинтересирани студенти од Технолошко-металуршкиот факултет, кои се при крај со студиите, може да се обратат, да аплицираат и да се пријават во Деканатот на Факултетот.
Секој заинтересиран кандидат може да испратат CV и мотивациско писмо на адресата mkjobs@matthey.com.
Со почит,
Деканат на ТМФRotational Program Presentation.pdf Потпишан Меморандум за соработка со „АДИНГ АД“ Скопје23 АВГ/22
Технолошко-металуршкиот факултет, при УКИМ Скопје, потпиша Меморандум за соработка, со кој претпријатието АДИНГ АД од Скопје, ќе додели и 1 (една) стипендија за новозапишаните студенти за академската 2022/23 година. ADING-TMF 2022.zip Стипендија ОКТА за втор циклус студии22 АВГ/22
Почитувани,
во прилог Ви го објавуваме ОГЛАСОТ за доделување 1 стипендија на студент од втор циклус студии.
Сите заинтересирани кандидати потребно е да ги достават своите пријави за конкурирање, согласно Огласот до 04.10.2022 година во Архивата на Факултетот.
За сите дополнителни информации можете да се обратите на следните контакти:
02 2532 565/070 354 951- Јулија Цветковска или во Деканатот на Факултетот.
Со почит,
ДЕКАНАТ НА ТМФОглас- Технолошко-металуршки факултет-2022.pdf Меѓународна пракса за студентите од магистерски студии!29 ЈУЛ/22
УПАТСТВО ЗА уписи за 2022-2023 година!20 ЈУЛ/22
Почитувани кандидати,
во прилог го објавуваме најновото упатство за пријавување на прв циклус додипломски студии на Технолошко-металуршки0т факултет.
Во него се наведени сите чекори за упишување во сите 3 уписни рокови.
За сите дополнителни информации слободно може да се контактираат следните мејлови т.е. телефони:
st.sluzba@tmf.ukim.edu.mk
dekanat@tmf.ukim.edu.mk
vojo@tmf.ukim.edu.mk
02 3088 201, 3088 267 или лично во просториите на Факултетот.
Деканат на ТМФУПИСИ НА ТЕХНОЛОШКО-МЕТАЛУРШКИ ФАКУЛТЕТ ЗА 2022-23 - Copy.pptx Отворен е линкот IKNOW за електронско пријавување ! 05 ЈУЛ/22
Почитувани кандидати,
Ве информираме дека IKNOW системот е отворен за пријавување на новите кандидати. Секој кандидат кој сака да конкурира на Технолошко-металуршкиот факултет може да се регистрира и да ги внесува своите податоци.
Линк за пријавување: http://www.upisi.ukim.mk
Деканат на ТМФ
http://www.upisi.ukim.mk КОНКУРСИ ЗА I, II и III ЦИКЛУС за академската 2022-23 година...24 ЈУН/22
Почитувани студенти и кандидати,
Во прилог ги објавуваме 3 конкурси, за 3-те циклуси на студии, за академската 2022-2023 година.
Како рокови за пријавување Ви ги објавуваме следните по циклус:
I ЦИКЛУС ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ
- пријавување на кандидатите:30-31.8.2022(ПРВ РОК)
15-16.9.2022(ВТОР РОК)
28.9.2022 (ТРЕТ РОК)
- прелиминарна листа: 2.9.2022(ПРВ РОК)
20.9.2022(ВТОР РОК)
- конечна ранг листа: 7.9.2022(ПРВ РОК)
23.9.2022(ВТОР РОК)
- запишување на кандидатите: 12-13.9.2022(ПРВ РОК)
26.9.2022(ВТОР РОК)
II ЦИКЛУС ПОСТДИПЛОМСКИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ
- пријавување на кандидатите:19-27.9.2022(ПРВ РОК)
7-17.2.2023(ВТОР РОК)
- запишување на кандидатите: 3-4.10.2023(ПРВ РОК)
21-23.2.2023(ВТОР РОК)
III ЦИКЛУС ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ
- пријавување на кандидатите:19.9- 7.10.2022(ПРВ РОК)
12-23.12.2022(ВТОР РОК)
- прелиминарна листа: 14.10.2022 (ПРВ РОК)
28.12.2022(ВТОР РОК)
- одлучување по приговори: 20.10.2022(ПРВ РОК)
10.1.2023(ВТОР РОК)
- конечни листи: 24.10.2022(ПРВ РОК)
17.1.2023(ВТОР РОК)
- запишување на кандидатите: 26.10-4.11.2022(ПРВ РОК)
23-27.1.2023(ВТОР РОК)
За сите дополнителни информации, можете да се информирате од приложените документи/Конкурси или на следните телефонски броеви: 02 3088 267, 3088 201, мails: st.sluzba@tmf.ukim.edu.mk, dekanat@tmf.ukim.edu.mk или лично во просториите на Факултетот.
Деканат на ТМФ
KONKURSI I, II i III CIKLUS 2022-23 GODINA.zip КОНКУРС ERAZMUS+ за студентска мобилност!05 ЈУН/22
Информација за летна пракса!01 ЈУН/22
Почитувани студенти!
Ве известуваме дека на веб страната, во порталот ЦЕНТАР ЗА КАРИЕРА- ТЕХ-МЕТ, се објавени сите чекори и потребни документи за да се пријавите на ЛЕТНА ПРАКСА.
За сите дополнителни информации, слободно можете да го контактирате раководителот на Центарот за кариера, доцент д-р Јана Клопчевска, на следната мејл адреса:jana@tmf.ukim.edu.mk
Деканат на ТМФhttp://www.tmf.ukim.edu.mk/ccareer/Default2.aspx Coke Summership - пракса во Пивара Скопје!18 МАЈ/22
Почитувани студенти,
Скопска пивара организира летна пракса насловена како ,,Coke Summership", која ќе се одржи од 04 до 29.07.2022 година. Ве охрабруваме да се пријавите и да стекнете нови знаења кои ќе ви бидат корисни во Вашиот иден кариерен развој.
Искористете ја оваа одлична можност за да стекнете практично искуство!
Линк за апликација е следниот: https://cokesummership.mk
За сите дополнителни информации, слободно обратете се во Деканат.
ДЕКАНАТ НА ТМФ
https://cokesummership.mk ,,ТЕХНОЛОГИЈАТА СПОЈУВА: ОБРАЗОВАНИЕ-НАУКА-ИНДУСТРИЈА"17 МАЈ/22
Почитувани,
Ве известуваме дека Технолошко-металуршкиот факултет на 27 мај 2022 година -петок, од 12 до 14 часот, ќе организира настан насловен како ,,ТЕХНОЛОГИЈАТА СПОЈУВА: ОБРАЗОВАНИЕ-НАУКА-ИНДУСТРИЈА", на кој ќе бидат присутни еминентни македонски компании, со свои штандови и прозводи. На овој настан секој студент на Технолошко-металуршкиот факултет ќе може да остави свои податоци и да воспостави контакт со претставниците од секоја компанија-учесник, со можност за практикантство и/или кариерен развој во некоја од тие компании. Нашите студенти воедно ќе бидат домаќини и на средношколците кои сакаат да го посетат нашиот Факултет и да ги видат лабораториите и Институтите.
Ве покануваме на присуствувате на овој настан!
СИНА ПОКАНА-27 МАЈ2022.pdf Посета на средношколци од СУГС ,,Марија Кири Склодовска"-Ско...17 МАЈ/22
Група средношколци, заедно со нивниот предметен професор по хемија од СУГС,, Марија Кири -Склодовска" го посетија Технолошко-металуршкиот факултет, и согласно нивната предметна програма, имаа можност да ги посетат лабораториите по полимерно инженерство и прехранбена технологија и биотехнологија.
При посетата, учениците беа поздравени од в.д. деканот проф. д-р Билјана Анѓушева додека професор д-р Јадранка Блажевска-Гилев и професор д-р Дарко Димитровски им покажаа и им објаснија практично дел од инструменталните методи, кои што се користат во лабораторија како и начинот на изработка на практичните вежби во лабораторија.
Деканат на ТМФПосета на средношколци од Марија Кири -Склодовска.rar Повик за учество на проектот Leap To Success!03 МАЈ/22
Студиски престој на 2 студентки од Франција на ТМФ!18 АПР/22
Учество на конференцијата ,, Нутриформ етикетирање: Формула ...12 АПР/22
На ден 12.04.2022 година, во просториите на М6 Едукативниот центар се одржа конференција насловена како ,,Нутриформ етикетирање: Формула за одговорно информирање на потрошувачите", организирана во соработка со Италијанската амбасада во Македонија и ИТА(италијанската трговска агенција Скопје).
Врвни експерти од Италија и од нашата држава учествуваа на оваа конференција и притоа на истата зедоа учество дел од нашите студенти од прехранбена технологија и биотехнологија со дел од наставниот кадар од Институтот за органско инженерство.
На оваа конференција се воспоставија нови соработки.
Деканат на ТМФNUTRIFORM.zip Меморандум за соработка со КЕССЛЕР Македонија!06 АПР/22
На 31.03.2022 година- четврток, Технолошко- металуршкиот факултет, претставуван од в.д. деканката, професор д-р Билјана Анѓушева и професор д-р Јадранка Блажевска- Гилев, в.д. продеканката за финансии и соработка со стопанството, потпиша Меморандум за соработка со Кесслер Македонија.
Веруваме дека оваа нова соработка ќе отпочне успешно!
Деканат на ТМФ Програма за млади таленти АЛКАЛОИД АД!28 ФЕБ/22
С О О П Ш Т Е Н И Е
Како плод на долгогодишната соработка на Технолошко-металуршкиот факултет и Алкалоид АД Скопје, и оваа година, по 5-ти пат, на 7.03.2022 година (понеделник) со почеток од 13.30 часот, ќе се реализира онлајн презентацијата на Програмата за млади таленти на Webex.Се покануваат сите студенти од III и IV година да земат активно учество на овој настан, на кој ќе можат да се запознаат со можностите за аплицирање на оваа програма.
Линк за следење: https://alkaloid.webex.com/alkaloid/j.php?MTID=m64d68f7ceae322331a9773cb43393ff4
Деканат на ТМФhttps://alkaloid.webex.com/alkaloid/j.php?MTID=m64d68f7ceae322331a9773cb43393ff4 Панел дискусија - Меѓународен ден на жените во науката10 ФЕБ/22
По повод меѓународниот ден на жените и девојките во науката, на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје присуствуваше госпоѓа Елизабета Ѓорѓиевска- сопруга на претседателот на Република С. Македонија.
На нејзина иницијатива беше одржана панел дискусија за улогата, застапеноста и видливоста на жените во науката како и предизвиците со кои се соочуваат.
Како дел од дискусијата активно учествуваа професор д-р Јадранка Блажевска-Гилев, професор д-р Емилија Фиданчевска, доцент д-р Јана Клопчевска, асистентките м-р Марија Прошева, м-р Ива Димитриевска, м-р Деспина Костадинова и магистрантот Ема Стојчевска, д-р Марина Стефова од Институтот за хемија при ПМФ Скопје и Ариета Алиу од тетовскиот училишен медицински центар ,,Никола Штејн".
Госпоѓа Ѓорѓиевска оствари и средба со в.д.деканот на Технолошко-металушкиот факултет, професор д-р Благој Ризов, на која имаше можност да се дискутира за разни научни достигнувања на нашата институција.
Деканат на ТМФhttps://pretsedatel.mk/panel_diskusija_megunaroden_den_na_-zenite_vo_naukata/Жените во науката.rar Информација-регистар на секундарни суровини!13 СЕП/21
ПОТВРДА - ЗА СТУДЕНТИ!24 НОЕ/20
Почитувани студенти,
во прилог ја објавуваме ПОТВРДАТА која е бланко за сите студенти и за повеќе намени(ЈСП; здравствено осигурување и друго).
Деканат на ТМФPotvrda prv ciklus.docx СООПШТЕНИЕ ДО СИТЕ СТУДЕНТИ НА ТМФ!14 ОКТ/20
С О О П Ш Т Е Н И Е
Задолжителна обврска за овој семестар, за сите студенти, е да ги активираат своите адреси на Microsoft 365 или на следниот линк: https://www.office.com/?auth=2.
Со активирање на адресите, сите ќе учестуваат во онлајн наставате на платформата МЅ Тeams, со која ќе можат да следат настава.
Со пакетот, студентите добиваат Оne drive 2GB меморија и опција за следење на аудиториските вежби преку MЅ White Board.
Mејл адресите на студентите се: ime.prezime@students.tmf.ukim.mk
За сите дополнителни информации, мејл адреса за контакт е dekanat@tmf.ukim.edu.mk.
Деканат на ТМФ Линк за пријава на проблеми при уписи на ТМФ!24 АВГ/20
Почитувани,
доколку при упишување на IKNOW системот Ви се појават некакви проблеми, можете да ги пријавите на оваа страна:
http://ukim.edu.mk/iknow-help/
каде навремено ќе добиете помош и одговор.
Деканат на ТМФ Отворена опцијата за испраќање на е-пријавата!12 АВГ/20
С О О П Ш Т Е Н И Е
Почитувани кандидати Ве известуваме дека во I-KNOW системот е отворена опцијата за испраќање на сите потребни скенирани документи и дека истата можат да ја активираат. Како што пишуваше во I-KNOW системот секој кандидат би требало на мејл веќе да има добиено известување за оваа опција.
Воедно ги известуваме сите кандидати кои ја имаат целосно пополнето електронската пријава во I-KNOW системот дека треба истите скенирани документи да ги препратат и на следната електронска адреса: upisi-tmf@ukim.edu.mk.
Во прилог Ви ја препраќаме сликата од последната страна на која се ставени сите документи кои треба да се скенираат.
За сите дополнителни информации, можете да се обратите на следните мејлови или телефонски броеви:
dekanat@tmf.ukim.edu.mk - 02 3088 201
st.sluzba@tmf.ukim.edu.mk- 075 223 535
Деканат на ТМФ
117387146_223764065727484_5310910238561417486_n.jpg Отворен семинар преку интернет во соработка со КОСТАЛ!21 МАЈ/20
Почитувани студенти,
во прилог Ви го објавуваме отворениот семинар преку интернет кој се реализира во соработка со компанијата ,,КОСТАЛ" од Охрид.
Сите заинтересирани студенти можат да се приклучат, а особено е важен за студентите од 3 и 4 година од студиските насоки: Инженерство на материјали и нанотехнологии и Металургија.
Деканат на ТМФОтворен семинар преку интернет во соработка со КОСТАЛ_0.pdf Упатство за користење на Мicrosoft Teams за студентите!14 АПР/20
Почитувани студенти,
во прилог го препраќаме упатството за користење на апликацијата Microsoft Teams, кое би можеле сите студенти од ТМФ, да го користат во договор со наставниот кадар.
Притоа Ве информираме дека се отворени сите сметки на студентите на Технолошко-металуршкиот факултет, на следниот начин:ime.prezime@students.tmf.ukim.mk.
Линкот на кој може да се дознае корисничкото име/студентска e-mail адреса и промена на лозинка е следниот:https://www.youtube.com/watch?v=AAL23pVUiT4&feature=youtu.be
Деканат на ТМФ
inbound1759564481986078674.pdf